Изминатите денови во ООУ “Блаже Конески”, во централното и подрачното училиште во населбата “Варош” во Прилеп, се одржуваат етно работилници.
Целта на овие работилници е подигнување на националната свест кај учениците и развивање на чувството за припадност кон нацијата.
Вештите раце на најмладите ученици, потпомогнати од нивните ментори создадоја вистински ремек дела, со мотиви од македонската народна традиција.