Есеј на ученик од Прилеп, кој освои прва награда на државен конкурс, ќе ви ги отвори очите на сите, и на млади и на стари

Есеј на Леонид Иваноски, ученик од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп, кој освои прва награда на конкурсот од Министерството за образование и наука, по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик на тема: „МОЈОТ ЈАЗИК- МОСТ ПОМЕЃУ МЕНЕ И ТЕБЕ“

Многу е тажно и жално што ние луѓето не се разбираме!

Не познавајќи го јазикот на пријателот, познаникот, соседот имаме погрешна слика за нив, нивниот живот, нивните чувства, потреби… И затоа доаѓа до недоразбирање, омраза и погрешно толкување на нивните постапки.

Не постои универзален јазик, освен јазикот на меѓусебното разбирање и доверба. Затоа треба да се потрудиме да осознаеме барем дел од неговиот јазик и говор, за да има љубов, пријателство и мир!

Поради сето ова ќе се потрудам на свој начин да направам мало мовче за јазикот да стане мост на разбирање и доверба!
Затоа за некои работи потребен е слух, да биде и леб и крух, и чамец и барка, и тисучу и илјадарка, и никаде да нема знак каде возот престанува да биде влах.

Исто да е добар ден и mirdita, да се праша или да се пита. Да знаеме севдах и љубовен жар, да биде бело од креч или вар. Кога се сретнуваме јас го гледам- он ме види, ако не зборуваме јас се срамам-он се стиди.
Со својот јазик шири љубов, едно да биде да се сака, да се клања или да се моли.

И порака Ви праќам:

merci, хвала, mirdita“.

Нека ова биде мост за секој оној што ова го чита!

Шифра: Загубениот писател

Леонид Ивановски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.