Полека истекува и рокот за истакнување на советничките листи, но полека се насетуваат контурите околу народните претставници.
Неофицијално фиксно кај СДСМ е само решението за носител на листа, бидејќи нелогично е досегашниот претседател на Совет да не е носител на листата.
Апсурдно и понижувачки би било да се прати уште еден сигнал до членовите, дека покрај Илија Јованоски и Претседателот на Cовет не го бидувало, или во спротивно ќе се бара оставка од сите директори на jавни претпријатија и назначување на нови до 17-ти октомври.
Вториот проблем се и коалиционите партнери кои полека се ситнат, но тие што останаа бараат добитно место максимум до десeттата позиција.
Според извори од коалиционите партнери, Достоинство на Стојанче Ангелов добива добитно место, партијата на Енес Ибрахим ќе има свој претставник, НСДП е традиционален добитен партнер, но ВМРО Народна, Партијата на пензионерите и Ромската партија, по се изгледа ќе бидат извисени овој пат…
Останува следниве денови да се потврди ова што чаршијата го шпекулира.