Македонската поп ѕвезда, Елена Ристевска ја пееше македонската химна на прославата на Американската амбасада по повод 4 јули, Денот на Америка.
-Македонската химна е гордост и чест да ти доверат да ја отпееш. Секогаш со посебно чувство сум ја пеела, бидејќи не е било која песна, химната е песна на еден цел народ , МАКЕДОНСКИ НАРОД. Јас знам за една Македонија без придавки( освен придавката “Република” ) за која сум учела и во која живеам од кога знам за себе , за еден јазик- МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК кој впрочем го говорам, знам за една нација или народ за кого пеам 20 години. Исто толку години ја претставувам мојата нација и мојата земја насекаде низ светот, а таа земја се вика МАКЕДОНИЈА. И токму сега во овие тешки моменти треба да ечи насекаде МАКЕДОНСКАТА ХИМНА , бидејќи носи силна порака. Покрај споменување на револуционерите и народот кои се бореле и умреле за татковината, се споменува само едно име- МАКЕДОНИЈА и еден народ- МАКЕДОНСКИ. Ова не е време за било какви поделби и овој коментар нема никаква политичка конотација- има исклучиво патриотска – напиша Ристевска на својот профил.