Ова е новиот лик на одделенијата во општата болница “Борка Талески” во Прилеп.
Резултатите од издвоените 70 милиони денари од Владата за реновирање на прилепската болница се видливи.
После детското, завршен е и машкиот дел од интерното одделение.
Од болницата најавуваат дека се работи со засилено темпо и за неколку месеци ќе заврши комплетната реконструкција, а прилепчани ќе добијат врвна медицинска заштита и услуга.
Истовремено менаџерскиот тим работи на доекипирање на кадарот, при што со финансиска помош од Министерството, шест прилепски лекари се испратени на специјализација.