Македонската етно група Љубојна вчеравечер настапи на еднодневниот “Балкан фест” во Солун, Грција. Maркукуле.мк ексклузивно ви го пренесува настапот преку неколку видеа.
Прекрасно чувство, емоции, овации и бисови, беа дел од атмосферата на нивниот настап. Љубојна е најголемиот промотор на македонскиот етно музички фолклор и по којзнае кој пат го докажа тоа.
По настапите на „Балкан арт перформинг“ во 2006 година и на Фестивалот на јазиците на светот во 2014, ЉУБОЈНА по трет пат ја сподели сопствената музичка визија со публиката во соседна Грција.
Уживајте во видеата…