ЕКСКЛУЗИВНО: Македонска алијанса на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон

prva

Претседателот на партијата Македонска алијанса, која е долгогодишен коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ и дел од коалицијата “За подобра Македонија”, присуствуваше на свечената инаугурација на новиот американски претседател Доналд Трамп. 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски важи за еден од економски најуспешните Македонци во светот. Тој е можеби најголемиот афирматор на историјата на македонскиот народ и Македонија. На покана на својот дологогодишен пријател, Републиканскиот Конгресмен, Рон Де Сантис, тој беше дел од свечената инаугурација на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп.

vtora

Џорџ Атанасоски има трајни врски со Републиканската паритја и е долго време поддржувач на Доналд Трамп.

Според партијата Македонска алијанса, доаѓањето на новиот претседател ќе промени многу работи, секако во позитивна смисла. По 20 јануари ќе се отворат нови перспективи за остварување на нашите стратешки цели, велат од партијата.

Како дел од коалицијата “За подобра Македонија”, Македонска алијанса ја поддржа најавената десоросоизација.

treta

Имаќи ги во предвид претходните 8 години доминација на Демократите и тоа како нивното владеење се одрази врз состојбата во Македонија, мнозинството Македонци беа расположени да победи Доналд Трамп на последните претседателски избори.

sesta

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.