Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот Твитер профил напиша дека вечерва со почеток од 18:00 часот гостува на емисијата “Oтворено” на Алфа Телевизија.
“За конгресот и самитот на Европската народна партија во Хелсинки, за штетноста на договорот со Грција, за катастрофата во економијата и многу други актуелни теми, ќе разговарам во 18 часот во ,,Отворено” на Алфа Телевизија со Љупчо Цветановски. Следете ме”, напиша Мицкоски на Твитер.
За конгресот и самитот на Европската народна партија во Хелсинки, за штетноста на договорот со Грција, за катастрофата во економијата и многу други актуелни теми, ќе разговарам во 18 часот во ,,Отворено" на Алфа Телевизија со Љупчо Цветановски. Следете ме.
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) November 9, 2018