ЕКСКЛУЗИВНО! Еве која фирма ќе биде домаќин за Св.Никола в година

На 19. декември градот под “Марковите Кули” уште еднаш ќе го прослави својот заштитник, Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски.

Од 2006 година со акт на локалната самоуправа Св. Никола е прогласен за заштитник на Прилеп, а во центарот на градот беше подигнат и параклис во негова чест. Ова ќе биде 18. пат прилепчани заедно да ја чествуваат градската слава и заштитникот на градот, а оваа година домаќини се општествено одговорните компании “МАТАДОР” и “БИМФУД”.

РУСТИКА КЕТЕРИНГ – компанијата која ќе биде задолжена за вкусната трпеза оваа година, ќе биде домаќин догодина.

За прилепчани и сите гости, од РУСТИКА ќе подготват богата трпеза во центарот на градот, која не може да се замисли без малите посни сармички, вкусното светиниколско гравче и секако риба.

Токму посните сармички го внесоа Прилеп за прв пат во Гинисовата книга на рекорди. Во 2008 година во очи на празникот вредните прилепчанки завиткаа 80.000 посни сарми, доволно за Прилеп да биде запишан и запознаен од светот.

Повелете на Св. Никола во Прилеп!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.