365 делегати на Либерално демократската партија на седмото редовно Собрание, кое ќе се одржи на 16 декември, ќе бираат Претседател, Генерален секретар, Централен одбор како и Надзорен одбор на партијата.
Собранието ќе се одржи во хотелот Александар Палас во Скопје.
Како што неофицијално дознаваме, освен актуелниот претседател Горан Милевски, делегатите ќе одлучуваат и за Никица Корубин, пратеничка во Собранието од ЛДП.
Според она што го дознаваме, кај членството на партијата наводно кулминирало незадоволството од континуираниот впечаток дека ЛДП е “партија привезок” на СДСМ.
Покрај тоа, партијата лошо се пазарела за работни места и работни позиции.
Дали навистина пратеничката Никица Корубин ќе се соочи со Милески останува да видиме….
Милевски на оваа позиција во партијата е од 1 февруари, 2015 година.