Ексклузивни детали! “Од златарата во прилепската чаршија однесени 3-4 килограми злато и пари?!”

Утрово околу 08:30 часот во Старата прилепска чаршија, бил извршен голем грабеж.

Како што дознаваме, ограбена е една од најпознатите прилепски златари, а според неофицијални информации разбојниците успеале да однесат 3-4 килограми злато и пари.

Разбојниците биле тројца на број, од кои едниот стоел надвор и со пиштол ги одвраќал минувачите, додека останатите двајца со чекани го искршиле стаклото од влезната врата.

Во златарата во моментот на грабежот била сопственичката која го редела излогот.

Полицијата работи на откривање на сторителите и расчистување на настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.