“Езерска”, “Недопраена”, “Ветена”…. Улиците во Битола добија нови имиња (Фото)

Aктивисти од Битола денеска на симболичен начин ги “прекрстија” дел од улиците, а со тоа укажаа на состојбата во која се наоѓаат истите.

“Езерска”, “Ветена”, “Недопраена”, “Боливач” … се само дел од новите имиња на таблите кои се поставени.

Целта велат е да се укаже на инфраструктурните проблеми со кои се соочуваат граѓаните во вториот по големина град во Македонија.

Дали локалната власт предводена од градоначалничката Наташа Петровска ќе поработат повеќе на овој план, останува да видиме во преостанатите помалку од 2 години од нивниот мандат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.