Едноставен трик како да го разладите автомобилот за 10 секунди (Видео)

Да се влезе во пеколно врел автомобил не само што е многу непријатно, туку може да биде и опасно по здравјето.

Овде не е важно дали имате клима уред или не, овој трик ќе ви помогне автомобилот кој бил оставен на сонце, да го разладите за десет секунди.

Оние кои ја испробале оваа метода велат дека температурата во возилото на овој начин се спушта и до 10 степени.

Се што треба да направите е:

Да го спуштите прозорот на совозачката страна и да ја затворите вратата.

Вратата од страната на возачот да ја отворате и затворате.

Исто така, добро е на седиштата, особено ако се кожени, да ставите некаков памучен материјал, после што ќе ви биде полесно да седнете, затоа што нема да се врели.

Пред напуштање на автомобилот на менувачот ставете стара крпа која ќе го заштити од сонце, па нема да биде врел.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.