Еди Рама одново се облече “во стил” и отиде на гласање (ФОТО/ВИДЕО)

Во соседна Албанија денеска се одржуваат локални избори но без опозиција. Во многу општини на изборните ливчиња има само еден кандидат и тоа од владеачката партија на премиерот Еди Рама.

Инаку, денеска своето право на глас го искористи премиерот и лидер на социјалистичката партија Еди Рама, но она што најмногу им падна во очи на медиумите и на пошироката јавнос е токму начинот на кој што се облекол за денешниот ден.

Имено, денеска албанскиот премиер облекол кошула, сако, потколеници и чорапи подигнати до колена, со што предизвика лавина на коментари Интернет и по социјални социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.