Пред 7 години започнаа како мал гаражен бенд. Низ годините пораснаа во нешто што се вика бренд на Прилеп и што е закон за добра журка и прекрасен помин. Синоќа момците од групата “Тhe Hounds” го прославија својoт 7-ми роденден. Публика од сите градови, насмеани лица, брутално гласен рокенрол и љубов на сите страни. Така беше синоќа за време на нивната прослава, на која присуствуваа и пријателите на “Тhe Hounds”, Хари, Јове, Сајо, Марио, Ацика, Давид, Трипс, Мето и Леа.
Порталот МАРКУКУЛЕ им посакува СРЕЌЕН РОДЕНДЕН и многу заеденички јубилеи во иднина!
[Best_Wordpress_Gallery id=”339″ gal_title=”TheHoundsRodenden”]