Извори на весникот „Лајм„, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент.
Според нив, член на Кумановската група со иницијали Е.К. го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.
Нашите извори не даваат детали за тоа како дошло до контакт меѓу Е.К. и Миле Јанакиевски, но велат дека инцидентот се случил во дворот на затворот.
Како што неофицијално дознаваме Миле Јанакиески се здобил со скршеници на едната рака и е примен на лечење во една од скопските клиники.