Егејците ќе излезат на пpoтecт: Причина вандализмот врз споменикот на децата бегалци

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков повика на мирен протест поради вандализмот врз споменикот посветен на децата бегалци во Скопје.

“ВЕ ПОВИКУВАМ ВО ОДБРАНА НА СПОМЕНИКОТ

СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ И ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА – МАКЕДОН

ПОВИКУВА НА
МИРЕН ПРОТЕСТ ПОРАДИ ВАНДАЛИЗМОТ ВРЗ СПОМЕНИКОТ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ВО ПАРКОТ ЖЕНА БОРЕЦ НА 17 НОЕМВРИ ВО 12 ЧАСОТ

Поканети се сите добронамерни Македонци и здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија”, напиша Димков на својот Фејсбук профил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.