Повеќе од 20 дена траат протестите “За заедничка Македонија” во Прилеп. Реки од народ секоја вечер ги преплавуваат градските улици и го обојуваат градот во црвено-жолта боја.
Граѓаните секоја вечер упатуваат гласни пораки до трговците со македонската чест и достоинство, а кон нив секојдневно се придружуваат голем број видни граѓани, интелектуалци, професори, доктори, уметници, актери, пензионери, студенти и средношколци.
Вечерва прилепчани ќе ја имаат поддршката од здруженијата од Егејот, кои ќе го предводат маршот за унитарна Македонија.