Брзо и евтино јадење се приготвува за ручек или за прилог на вечера.
Потребни се: 2 тиквички, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 2 јајца, 100 гр. кисела павлака, 100 гр. кашкавал, сол, црн пипер, масло…
Подготовка:
Една главица кромид се сечка на ситно. Кромидот се пропржува на малку масло околу 5 минути додека не омекне. Тиквичките се мијат, се лупат и се сечкаат на тркалца.
Целосно се редат на дното од огноотпорен сад. Се посолуваат и зачинуваат со црн пипер во прав. Одозгора рамномерно се распоредува пржениот кромид.
За преливилот се матат две јајца со 100 г кисела павлака. Се сечка лукче и се додава малку сол. Се соединува.
Смесата се прелива рамномерно на тиквичките и се покрива со алуминиумска фолија. Се печат на 200 степени 35 минути во загреана рерна.
Одозгора се наросува рендан кашкавал, па се враќа во рерната уште 5 минути да се растопи.