Илјадници поддржувачи на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се собраа во центарот на главниот град на Македонија, Скопје и побараа предвремени паралемнтарни избори две години пред нивниот термин, вака странските медиуми го пренесуваат вчерашниот голем протест на ВМРО-ДПМНЕ.
Радио телевизија Србија информира дека огромен број граѓани поведени од ВМРО-ДПМНЕ синоќа протестираа во Скопје и побараа одржување на вонредни парламентарни избори.
Целта е да се победи и казни владеачката СДСМ, порача лидерот Христијан Мицкоски и најави дека борбата ќе продолжи секаде-во парламентот, на улиците, во градовите и селата, пренесува РТС.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека на протестот, кој го нарече величенствен собир се собрале неколку илјади луѓе за да си ја вратат слободата на Македонија и дека народот е на нозе бидејќи сака борбата да се избори за својата Македонија, пренесува Н1.
Илјадници поддржувачи на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се собраа во центарот на главниот град на Македонија, Скопје и побараа предвремени паралемнтарни избори две години пред нивниот термин, објави abcnews.
И ВОА пренесе дека илјадници поддржувачи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ излегоа во саботата навечер во центарот на главниот град Скопје и бараат предвремени избори.
Повеќе од сто илјади луѓе излегоа на улиците во Скопје, главниот град на северна Македонија, соопшти В4НА.
Странскиот медиум наведува дека демонстрантите излегоа на улиците да протестираат против социјалдемократската влада, демонстрациите ги предводеше конзервативната демохристијанска партија ВМРО ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски.
„Мицкоски посочи дека има итна потреба од избори поради зголемената инфлација, корупцијата во државата и владиниот криминал, како и застојот на земјата во евроинтеграциите.
На земјата и се заканува вето од соседна Бугарија во преговорите за пристапување во ЕУ, додека владата целосно потфрли во економските реформи. Анкетите покажуваат убедливо раководство на опозицијата, но премиерот Ковачевски избегнува избори“, пренесува споменатиот медиум.