Пожарот кој синоќа околу 22 часот избувна во трафостаница на ЕВН на улицата “Васко Карангелески” во Прилеп, остави без електрична енергија голем број семејства во овој дел од градот.
Граѓаните синоќа беа загрижени и прашуваа колку време ќе трае санацијата на трафостаницата и до кога ќе бидат без струја.
Според информациите, за десетина дена ќе биде донесена нова опрема, а екипи на ЕВН денеска поставија привремени трансформатори.
Не е познато што го предизвикало пожарот во трафостаницата, на кој му претходеле две експлозии.