Власта сама си го минираше денешното, долгоочекувоно пуштање во употреба на модулаларната болница во Прилеп.. Премиерот Заев и министерот Филипче, наместо со владиниот мерцедес, од Скопје, пристигнаа во Прилеп – со хеликоптер.
Леталото на МВР, се приземји на прилепскиот Градски стадион, а премиерот Заев, расположено кажа, кој се му правел друштво за време на летот до Прилеп, но не одговори – што беше толку итно, за да мора патот од 140 километри, да го помине воздушно.
Овој чин, дополнително ги разгневи и онака очајните прилепчани, според кои доаѓањето со хеликоптер среде ваква пандемија и беспарица, кога народот издвојува илјадници евра за лекување, е луксузирање без преседан.
„Претерано веќе си зедоа за право…на времето кажаа тие – ќе јадеме живи луѓе..зошто со хеликоптер, и зошто да дојде ?! Не му е срам ?! А го забрануваат народот да ги пречека, затоа што знај што ќе се случи и какви реакции ќе има кон него“, – вели еден револтиран прилепчанец.
„Сметам дека тие средства требаше да се искористат во однос на лечењето на болните пациенти, дека можеа да пристигнат и со автомобил и слично, дека немаше потреба за сите тие трошоци….“, коментира помлада прилепчанка.
„Ова идењево, патувањево е луксуз. Јас сметам дека немаше потреба од тоа трошење олку, па ќе речат после нема пари, ваму-таму, а ете каде одат парите…- посочува друг прилепчанец.
Пристигнувањето со хеликоптер на Заев и на Филипче во Прилеп, од МВР го оправдаа со тоа дека летовите со хеликоптер на МВР биле во рамките на обврските за задолжително исполнување рaботни месечни часови кои согласно стaндардите важеле и за пилотите и за леталата. „Причината за користење е поврзана со обврските и агендите на премиерот и министрите и потребата од рационализација на времето со цел секој од нив на време да ги заврши планираните теренски обврски и на време да може да се врати во Скопје за редовните владини и кабинетски обврски“, стои во одговорот од МВР, а во кој нема ниту збор за чинењето на еден ваков лет, иако и тоа беше уредно прашано.
Во меѓувреме, дел од медиумите веќе објавија дека Заев, Филипче и Шахпаска, во Прилеп долетале со полициски хеликоптер од марката „МИ- 17/171“ и дека еден час летање со ова летало чини 4.000 евра. За споредба, доколку ги користеа службените возила, трошокот за сите тројца владини претставници, ќе беше помал од 50 евра..
Премиерот Заев и министерот Филипче, денеска присуствуваа на отворањето на прилепската Модуларна болница, со само триесетина легла во градот, во кој за цело време од почетокот на пандемијата, нема ден, а да нема по минимум двајца починати, со што вкупната бројка на починати прилепчани достигна дури до 333 граѓани. Патем, Модуларната болница требаше да биде готова уште во декември.
Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”