Игор Николоски, професор во нижото музичко училиште “Ордан Михајлоски-Оцка” и советник во Советот на општина Прилеп, е нов заменик градоначалник на општината, дознава Maркукуле.
Николоски е единствен советник од претходниот состав на ВМРО-ДПМНЕ, кој одново се најде на советничката листа на локалните избори во октомври годинава.
Заменик градоначалникот на општината се избира од редот на советниците, а одлуката за тоа ја носи градоначалникот. Неговата задача е да го заменува првиот човек на општината во случај на неможност да ја извршува функцијата.
Во изминатите четири години двајца советници ја имаа таа улога, прво Ирена Стерјовска Локвенец, а откако ја презеде функцијата Претседател на Совет, заменик градоначалник беше и Диме Бозоски.

























