Ако сакате да ја привлечете позитивната енергија на финансиски план ви предлагаме да си купите паричник во една од 5-те фенг шуи бои.
Најпрво проверете кој елемент сте го добиле при раѓањето, тој кој го карактеризира вашиот знак во кинескиот хороскоп (пр. 2019 година владее знакот на земјена свиња и во оваа година главен елемент е земјата).
Потоа прочитајте која боја на паричник совршено ви одговара.
1. Црвен паричник
Црвената боја привлекува богатство во животот. Оваа боја е фаворит и по фенг шуи затоа што е огнена боја. Оваа боја ја уништува негативната енергија. Црвен паричник е најдобар избор за родените во елементот оган и земја, додека послабо дејство има на вода и метал.
2. Темно син паричник
Сината боја е воден елемент и симбол на изобилство. Доколку вашиот елемент е дрво или вода во тој случај паричник во оваа боја е вистинскиот избор за вас.
3. Црн паричник
Црната боја исто како и сината е поврзана со водените елементи па затоа доколку вашиот елемент е дрво или вода, а не ви се допаѓа сината боја- можете да си купите паричник во црна боја.
4. Кафен паричник
Кафениот паричник е многу популарен поради изборот на преубави текстури кои ги има. Кафената боја е земјен елемент, па затоа на луѓето родени во елементот земја или метал ќе им донесе големо богатство.