Фармацевтскиот концерн „АстраЗенека“ планира вакцината против коронавирус да ја изнесе на пазарот до крајот на годинава, а како што најави претседателот на компанијата, Паскал Сорио, таа ќе чини 2,5 евра.
Сорио изјави за француската радиостаница РТЛ дека целта на компанијата е вакцината да биде достапна за сите луѓе.
„АстраЗенека“ се надева дека вакцината ќе биде произведена до крајот на годинава, а според Сорио, можеби и порано доколку се оди според планот.
Неодамна е објавено дека вакцината на „АстраЗенека“ во првите две фази од тестирањето се покажала добра и овозможува создавање антитела, како и имунизација против Ковид-19.
Резултатот од третата фаза од тестирањето се очекува наесен и доколку биде успешна вакцината ќе може масовно да се произведува и пласира на пазарот.