Еве кои холивудски ѕвезди го прославуваат православен Божиќ

Некои од најпознатите холивудски ѕвезди го слават православен Божиќ. Некои од нив се родени во православни фамилии, но други го прифатиле православието поради партнерот.

Ким Кардашиан е родена во Лос Анџелес, но по потекло е Ерменка. Имено, таа е четврта генерација од иселениците од Ерменија. На својот Твитер профил минатата година таа објави дека Божиќ го прославува на 7 јануари.

Оваа убавица е родена во Лондон, нејзината мајка е од Јамајка, а таткото никогаш не го запознала. За време на врската со рускиот тајкун Владислав Дороњин, Наоми станала верник во Руската православна црква.

Слвниот актер, чиј татко е далечен потомок на Абрахам Линколн, љубовта го натерала да прејде во православната вера. Имено, кога за втор пат се ожени со колешката Рита Вилсон, актерот одлучи да стане православен христијанин. Таткото на Рита е Бугарин, додека нејзината мајка е од Грција. “Мислам дека православието е мое духовно наследство. Се оженив во истата црква во која мојата сопруга е крстена и во која се крстени нашите деца”, изјавил Том.

50-годишниот актер Џим Белуши е роден во Чикаго, а неговите родители се мигранти од албанско село кое се наоѓа недалеку од границата со Грција. Џим е припадник на Албанската православна црква и тој е горд на своите корени.

Џенифер Анистон православието го наследила од таткото Џон Анисотн, кој исто така се занимава со глума. Тој е роден како Јанис Анастасакис на грчкиот остров Крит. Џенифер донирала многу пати во црквата која е под закрила на Васеленската патријаршија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.