Џудо клуб “Бушидо” по трет пат зеде учество на Меѓународниот џудо турнир “Трофеј Пантера 2019” во Бјелина, Република Српска.
Околу 700 такмичари од 10 земји се натпреваруваа на овој турнир, а прилепчани успеаа да освојат 17 медали.
“На меѓународниот турнир во џудо во Бјелина Рeпублика Српска џудо клуб “Бушидо” уште еднаш со стопроцентен учинок. 17-те џудисти кои беа одбрани од тренерот и овде покажаа како се брани и сака Македонија. Благодарност до Џудо Клубот “Пантер” и Рeпублика Српска каде не прозиваа како Република Македонија”, велат од клубот.
Oва се освојувачите на медали:
– Сара Атанасоска 1 место; Теодора Ристеска 1 место; Елена Малиноска 1 место; Елеонора Илиоска 1 место; Матеј Малиноски 2 место; Сара Јанеска 3 место; Илчо Малиноски 3 место; Теона Ѓоргиоска 3 место; Стефани Илиеска 3 место; Филип Попоски 3 место; Милена Божиноска 3 место; Христијан Здравески 3 место; Давид Мицески 3 место; Матеа Илиеска 3 место; Филип Стојкоски 3 место; Анастасија Мицеска 3 место; Стефан Талески 3 место.