Претседател на политичката партија „Преродба“, Костадин Костадинов во бугарскиот Парламент кажа дека иднината на Бугарија и Македонија е една, односно тоа е една заедничка држава.
„Иднината на Бугарија и Македонија е една, тоа е една заедничка држава. За тоа треба да се бориме сите ние, затоа ви го дадов примерот од 1941 година. Една заедничка држава, обединета Бугарија со Македонија, а не членство во ЕУ“, вели Костадинов.
Костадинов вели дека влезот на Македонија во ЕУ нема да го реши проблемот.
„Тоа нема да ни го реши проблемот. Затоа што ако Македонија влезе во тој свет, тогаш македонскиот јазик ќе стане официјален во ЕУ. И кога некој од нас ќе почне да зборува на дијалект, ќе треба да му објаснуваме дека тоа не е бугарски, туку е македонски“, кажа Костадинов.