Дoктopката xepoj за која зборува целиот регион: Детето не давало знаци на живoт, а таа го cпacила

Вистинска дpaма се одвивала минатата недела во Домот за здравје во Подгорица. Мајка заедно со комшијата донесле дете кое не давало знаци на живот.

Црна Гора, но и целиот регион изминатите денови зборува за докторката педијатар Алма Драшевиќ која успеала да го врати во живот детето, кои според пишувањето на медиумите проголтало шаховска фигура и не давало знаци на живот.

Како што кажала докторката, минатиот четврток околу 19:00 часот во Домот за здравје на Стариот аеродром во Подгорица, мајка заедно со комшијата го донела своето дете кое не давало знаци на живот.

“Детето на возраст од една година и пет месеци проголтало шаховска фигура. Бидејќи детето беше веќе mpтво, немав прилика да размислува што да направам. Во тој момент знаев само дека морам да го извадам страното тело, затоа што секоја секунда беше драгоцена. За среќа, успеав да ја вовлечам раката, да ја стиснам дланката за фигурата да не го оштети ѕидот од хранопроводот и ја извадив фигурата”, рекла Дрешевиќ.

„Во тој момент знаев дека детето е спасено. Итната помош веќе беше на пат, срцето работеше, а детето дишеше. Мислев дека можеби ќе биде на респиратори. Добив информација дека детето во средата било отпуштено од болница. Најголемо задоволство во животото ми е дека детето преживеа“ додава докторката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.