Д У И пак се офajди, ќе го добие Министерството за земјоделство

Артан Груби, првиот вицепремиер од редовите на ДУИ, денеска изјави ДУИ ќе го добие министерското место за земјоделство, откако го отстапи Министерството за информатичко општествпо и администрација.

Вели дека ДУИ се задоволни од распределбата на министерските места.

„При тие услови на преговарање меѓу постоечките коалициони партнери и новите коалициони партнери кои што ќе дојдат, сите секако дека отстапуваат места кои што ги имале дотогаш. Ние всушност во Владата отстапивме од Министерството за информатичко општество, а го добивме ресорот земјоделие, кој што е многу голем, каде што имаме многу многуи значајни проекти кои што ги имаме во нашата програма, и за кои проекти ни е многу значајно да ги имплементираме“, изјави денеска за медиумите Артан Груби.

За ДУИ ќе биде прифатлив и нов мандатар, кој би дошол на местото на премиерот Зоран Заев, кој поднесе оставка.

„Зошто не би бил прифатлив и нов мандатар. Ја почитуваме одлуката на Социјалдемократскиот сојуз. Кого и тие да изберат за претседател, кого и да го предложат за нов мандатар, секако дека ние тоа ќед го прифатиме“, рече Груби.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.