Турската војска на сириско-турската граница подигна висок бетонски ѕид со бодликава жица.
Должината овој ѕид изнесува неверојатни 564 километри.
Во светот познати се уште неколку вакви ѕидови, чија цел е да ги разделуваат завоените страни. Таков ѕид ги разделува Евреите и Палестинците, а американскиот претседател Доналд Трамп најави изградба на ѕид на границата со Мексико, со цел да се намали приливот на мексикански мигранти и да се смали стапката на криминал во САД.
#Turkey has finished a building of the border wall with #Syria. It's total length 350 mi (564 km) pic.twitter.com/nEXwBxOHms
— SMM Syria (@smmsyria) June 9, 2018
ТУрската војска интервенирала на северот од Сирија во два наврати: за време на операциите “Штит Еуфрат” и “Маслиново гранче”. Двете операции биле насочени кон отстранување на “опасноста од курдските терористи” на северот со Сирија.