РК Прилеп ја забележа и втората победа на Меѓународниот меморијален турнир “Миле Нешкоски”, чие осмо издание започна вчера во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”.
Oткако вчера на првиот ден од турнирот прилепчани триумфираа на РК Струга со 29:24, денеска уште поубедливо со 26:20 го совладаа РК Скопје.
Голем удел во победата на прилепчани имаше капитенот Филип Велески, кој покажа што значи довербата да си лидер во тимот и одигра феноменален натпревар.
Прилепчани турнирот го продолжуваат утре со дуел против гостите од Србија, РК Дубочица, натпревар кој се игра од 19:00ч.
Во останатите натпревари денеска, Дубочица забележа убедлива победа над Струга со 35:21 и заедно со РК Прилеп веќе имаат две од две победи. Еурофарм Пелистер 2 и Мулти Есенс ремизираа 34:34, а во моментов се игра натпреварот помеѓу гостите од Финска, Кокс и Тинекс Пролет.