Помина уште едно спектакуларно издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2016”. Многу забава, многу пиво и вкусна храна, како и неверојатна организација и повеќе од 350.000 посетители во четирите фестивалски денови.
Синоќа пред настапот на последните изведувачи на фестивалската сцена, Парни Ваљак, беше изведен и неверојатен огномет, кој до сега не е виден во градот под Марковите Кули.
Целосниот спектакл од синоќа можете да го видите на видеото кое следи:
A.Г.