Државјанин на Белгија физички нападнат во ресторан на патот Прилеп-Македонски Брод

На 25.10.2018 година околу 02.30 часот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, во ресторан на бензиската пумпа по претходна вербална расправија, три непознати лица, физички ги нападнале Д.М.(34), државјанин на Р. Белгија, со живеалиште во Скопје, и К.Д., при што истите биле разделени од обезбедувањето на објектот.

По ова, Д.М. и К.Д. со возило се упатиле кон Македонски Брод, при што на приклучокот на регионалниот пат, забележале патничко моторно возило, кое откако го одминале слушнале истрел од оружје, но нема повредени лица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.