Продавачите и продавачките во продавниците и маркетите се почесто се мета на крадци. Полицијата денеска информира дека во 20 часот и 30 минути во продавница во Прилеп, непознат маскиран сторител извршил разбојништво, така што влегол и од вработената ги побарал парите.
Вработената се исплашила, ја отворила задната врата од продавницата и почнала да вика по сопственичката. Во тој момент сторителот и се доближил и ја удрил со тупаница во пределот на лицето, по што заминал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.