Со новиот летен сообраќајен режим во Охрид повторно со нови цени. Имено во Охрид од Јуни до крајот на Август веќе е пракса да се менува сообраќајниот режим во полза на туристите.
Во строгиот центар на Охрид на градскиот плоштад пракирањето во времтрање од еден час ќе чини сто денари. На влезот кај рампата кведнаш до Охрдиската пошта ќе се подигнува билет, со кој ќе може само поминување или кратко запирање на плоштад. Жителите на стар град ќе ја поминуваат и втората рампа која се наоѓа кај градското пристаниште, а оние пак кои ќе сакаат да паркираат на плоштад ќе мора да плаќаат 100 денари од час.
Коментарите на граѓаните поделени. Некои мислат дека поскапувањето е исправно, бидејки е тоа сепак центар и дека е тоа по теркот на сите туристички места. На пример во строгиот центар на Дубровник еден час паркинг чини 6 евра. Па според тоа кој сака да паркира на плоштад нека плати.
Граќаните сметаат дека наплатата со особи е примитивна и веруваат дека наплатувачите на тој начин го олеснуваат буџетот на општината.