До недела во земјава ќе се задржи стабилно време, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на ноќните часови на места ќе има разведрување и утринските температури ќе се спуштаат под нулата.
Утринските температури утре ќе се движат во интервалот од -1 во Пелагонискиот регион до 6 степени во Дојран и Гевгелија, а дневните температури ќе достигнат до 15 степени.
Во петок, сабота и недела се очекува слично време со утрински температури кои наместа ќе паднат до -4 степени, а дневните ќе достигнат до 18 степени Целзиусови.
Во понеделник се очекуваат врнежи од дожд и намалување на температурите во целата држава.