До крајот на преодниот рок Реал носи две спектакуларни засилувања

Реал Мадрид во среда ја отвара новата натпреварувачка сезона преку мечот од УЕФА Супер купот и тоа против градскиот ривал Атлетико Мадрид. На голот на Реал се очекува да застане новото засилување Тибо Куртоа.

Во досегашниот прелазен рок “кралевите” донесоа четири засилувања. Стигнаа двајцата нови голмани, младиот Андриу Лунин од Зорја и Тибо Куртоа од Челси. На позајмица дојде играчот од Реал Сосиедад Алваро Одризола, а на лево крило пристигна Винициус Џуниор  од Фламенго. 18-годишниот Бразилец е големо вложување во иднината на клубот и чинеше 45 милиони евра.

 

Меѓутоа, Реал до крајот на прелазниот рок има намера да донесе уште двајца играчи. “Марка” истакнува дека Еден Азар и понатаму е главна мета, а наводно е закажан и нов состанок со првите луѓе во Челси. Трансферот се проценува на 200 милиони евра.

Второто засилување би требало да биде играчот на Баерн Минхен Тиаго Алкантара. Поранешниот играч на Барселона е идеална алтернатива за тренерот Лопетеги за Лука Модриќ, кој до крајот на сезоната ќе наполни 33 години.

Последниот термин во Шпанија за нови засилувања е 31 август.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.