До кога малите ќе страдаат за сметка на големите? СКАНДАЛ на Мундијалот! Технологијата покажа црвен картон, судијата даде жолт!

Португалија се провлече во мечот против Иран, но беше доста критично. Роналдо и дружината одиграа нерешено, но во судиското продолжение сите се стресија.

Иранците имаа одлична прилика во последната минута на утакмицата и прекрасна шанса да ја испратат Португалија порано дома. Сепак, на крајот се заврши со резултат 1:1, Португалија помина понатаму, а Шпанија како лидер на табелата ќе продолжи во осминафиналето.

Сепак, како и секогаш кога игра Португалија, Роналдо е во центарот на вниманието. Овој пат беше и оправдано. Кристијано најпрво промаши пенал, а потоа беше и на ивица да добие црвен картон. Во второто полувреме го удри со лакт играчот на Иран Мортез Поуралиганји.

Судијата од Парагвај отиде да ја погледне VAR технологојата, а во дното на екранот пишуваше “веројатно црвен картон”. Судијата сепак се врати на теренот само со жолт.

Изгледа дека VAR повторно пресуди во корист на големите, а на штета на малите. Медиумите ширум светот ја пренесоа оваа спорна ситуација, но изгледа дека ништо значајно нема да се промени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.