Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во вечерашното гостување на телевизија Телма ја објасни новата социјална реформа и мерките кои произлегуваат од неа. Правото на минимален гарантиран приход ќе се укине ако две работноспособни лица од семејството по два пати одбијат работа.
-Од семејството ќе биде избрано едно лице кое најбрзо може да се подготви за пазарот на труд. На лицето ќе му биде дадена обука, доквалификација или преквалификација и ќе биде подготвено за пазарот на трудот. Потоа ќе му биде понудена работа. Ако првата работа ја одбие, ќе му биде понудена втора. Ако два пати одбие, тогаш одиме на второто лице во семејството, на пример преминуваме на мајката и неа ја подготвуваме за пазарот на трудот, со обуки и квалификации. Доколку у второто лице два пати одбие работа, тогаш ќе се размислува што со децата од тоа семејство, а ќе се премине на укинување на мерката социјална помош, изјави министерката Царовска.
Извор: kurir.mk