Благочестиви христијани,
Ве покануваме на соборно прославување
на патронот на нашата Македонска Православна Црква, а со тоа и на нашата држава Македонија и на македонскиот народ, Св. Климент Охридски – стои во поканата од храмот Св. Кирил и Методиј (Параклис) од Прилеп.
На 07.12.2024 година (сабота), со почеток во 16 часот, во храмот ќе се отслужи мало бдение со акатист на светиот Климент Охридски, а наредниот ден 08.12., (недела) со почеток во 7:30 часот, и света Божествена литургија, каде што ќе можете да се поклоните и помолите на светите мошти од светиот Климент Охридски. И светиот маченик Пантелејмон.
Достоинствено да го испочитуваме заштитникот на нашиот народ Македонски.