Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, Кинеската амбасада во Република Македонија организираше свечен прием на покана на амбасадорката на Народна Република Кина, Џијанг Сјаојен. Настанот, одржан на 25 ноември 2025 година, беше во чест на неодамнешната официјална посета на Пекинг, Ши Јн и Шангај, од македонски туристи како и со цел продлабочувањето на пријателските односи меѓу двете земји.
На свечениот прием свое обраќање имаше самата амбасадорка – Џијанг Сјаојен, која го истакна своето задоволство по повод остварената посета на првите туристи по воведување на безвизниот режим помеѓу Македонија и Народна Република Кина, а со цел оваа соработка понатаму да се продолжи и продлабочува.
На настанот беа остварени средби на кинески претставници со претставници на Република Македонија, за зајакнување и интензивирање на туризмот.
Доц.д-р Марија Дулевска од Прилеп, беше помеѓу присутните и оставри средба и разговор за образованието, како и за можностите за подобрување и модернизирање на образовниот процес.
-Се напомена и тековното факултативно изучување на кинескиот јазик меѓу учениците во основното образование. Амбасадорката посочи на важноста за идна соработка во делот на образованието преку Институот “Конфучие” во Скопје и создавање на идни можности за соработка – вели Дулевска.
Исто така, на настанот се оствари средба со претставници од бизнис секторот од Кина во Република Македонија, на која беа разгледани можности за идни соработки во трговијата, производството на текстил и зајакнување на економијата.
-Во сите три домени на туризам, образование, трговиија беа разменети контакти и оставрени кратки суштински разговори. Во иден план е и официјално да се покани амбасадорката на Н.Р. Кина во општина Прилеп, како наш ценет гостин, а со цел разгледување на можности за идни соработки во сите домени, кадешто има можности и потенцијал за уште поголем напредок на Прилеп. Во обраќањето на амбасадорката се потенцираа постулатите дека Народна Република Кина останува отворена за соработка и идно продлабочување на меѓусебната почит, разбирање и стратешките соработки, вели Дулевска.
Доц. д-р Марија Дулевска и нејзиното училиште “Англиски кај Марија” од Прилеп беа почесни гости на приемот.




























