Црковните храмови во Прилеп ги повикуваат учениците и нивните родители во сабота (30.08), да присуствуваат на молебен канон за благослов на новата училишна година.
Во црквата Св. Петка во Точила со почеток од 09:00 часот
Во црквата Св. Благовештение – Стара Црква со почеток од 07:30 часот
Во црквата Св. Кирил и Методиј – Параклис со почеток од 07:30 часот
Во молитва ќе Го замолиме Бога да им подари на сите ученици здравје, мудрост, трпение и љубов кон знаењето, а на нивните учители сила, разбирање и просветленост за да ја пренесуваат својата мисија со љубов и посветеност.