Доналд Tpaмп за првпат во јавност по пopaзот: “Вакцината нема да ја испорачаме се додека…” (Видео)

Американскиот претседател Доналд Трамп беше речиси отсутен од сите јавни настапи по одржувањето на изборите чии резултати сѐ уште ги оспорува. Тој вечерва за првпат се обрати од Белата куќа, зборувајќи за кopoнавиpycoт и стратегијата за вakцинирање.

-Оваа администрација нема да оди во карантин, што и да се случи во иднина. Кој знае која администрација ќе биде тоа, веројатно времето ќе покаже, но може да ви кажам дека оваа администрација нема да оди во локдаун, речеТрамп.

Според него, сојузната Влада нема да ја испорача можната вakцина се додека гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо не ја извести администрацијата дека е подготвен за тоа.

-Значи, нема да доставуваме во Њујорк додека за тоа немаме одобрување и ме боли кога ќе ви го кажам тоа, рече Трамп.

-Оваа е многу успешна, најверојатно 90 проценти и повеќе, но гувернерот Куомо ќе мора да ве извести кога ќе биде подготвен на тоа, додаде тој.

Трамп твиташе дека утре има намера да отиде на собир на своите приврзаници во Вашингтон и да ги поддржи.

-Душата ја грее погледот на таа огромна поддршка, посебно на тие спонтани собири кои никнуваат ширум земјата, меѓу кои е и еден голем собир во сабота во Вашингтон. Можам да отидам да ги поздравам, напиша тој.

-Изборите се наместени, не забориви да повтори иако пред една недела американските медиуми ја прогласија победата на Бајден, но Трамп и натаму не ја признава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.