Домашен шампон против опаѓање на косата: Направете го овој рецепт и видете ги резултатите после еден месец

Ако косата ви опаѓа, безживотна е и сува, ќе ја освежите со мешавина од избрани еликсири за погуста коса.

Основата на оваа мешавина може да биде било кој шампон што ќе го купите, затоа ве советуваме да го одберете наједноставниот шампон од коприва или бреза.

На еден литар шампон додадете 50 ml раствор на пантелол, 2-3 ампули витамин Б, капки од коприва и шишенце АД капки (воден раствор).

Измешајте ги состојките и со добиениот раствор мијте ја косата. Можете да очекувате резултати за околу еден месец.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.