Колку и да се заштитувате на секого може да му се случи да изгори на сонце. За да ги ублажите и изладите изгорениците, ве советуваме што прво да направите кога ќе изгорите на сонцето.
Со примената на овој рецепт ќе почувствувате моментално олеснување, а вашата кожа брзо ќе се смири, ќе се излади и нема да ве затегнува доколку сте се здобиле со изгореници од сончевите зраци.
За инстант решение против изгорениците од сонцето потребни ви се:
– шолја млеко
– коцка мраз
– чиста памучна ткаенина
– еден сад
Постапка:
1.Во садот ставете млеко и мраз па потопете ја крпата. Исцедете ја крпата па ставете ја врз изгореницата.
2.Ставајте ги облогите сè додека не почувствувате олеснување. Отпосле, кожата можете да ја намачкате со благи лосиони и кремови за нега.
Зошто овој рецепт има ефект? Белковините од млекото ќе ѝ помогнат на кожата да се регенерира, додека мразот ќе ви пружи олеснување со ладењето на кожата.