Хрватски лекари успешно раздвоија сијамски близначки, поврзани со стомачни органи и црниот дроб, односно билесраснати со долниот дел од градниот кош, дебелото црево, кожата и меките ткива.
Операцијата ја изведе тим лекари од КБЦ Загреб и тоа е прв пат една таква операција да биде изведена во Хрватска.
Началничката на заводот за неонатологија и неонатална интензивна медицина Ружа Гризељ вели дека проблем претставувало тоа што бебињата биле прерано родени и што имале неизбалансирана циркулација, поради што едната близначка имала висок, а другата низок притисок.
Според нејзини зборови, тоа е втор случај во светот близнаци да се споени со црн дроб и црева, со тоа што во овој случај преживеаја двете девојчиња.