Доктор Синиша Стојаноски објавува актуелни информации поврзани со отпорноста на Corona вирусот SARS-CoV-2, причинителот на COVID-19.
Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:
Според најновите испитувања (медицина базирана на докази), станува збор за исклучително отпорна варијанта на вирус кој што се задржува во активна форма:
на алуминиум од 2 до 8 часа;
на хируршки ракавици до 8 часа;
на челични површини до 48 часа;
на стаклени површини до 4 дена;
на дрвена површина до 4 дена;
на хартија 4 до 5 дена;
на пластика до 5 дена;
на асфалт дури и до 7 дена;
Можноста да дојдеме во контакт со вирусот и да се заразиме постои и кога нема болни лица во наша непосредна близина;
Доволен е контакт со површините на кои што е присутен вирусот;
Факт: на вирусот му беа потребни 45 дена од појавата на првиот случај за да постигне број од 100000 заразени, а само 12 дена за да постигне број од 200000 заразени….
Затоа, најдобар начин да се заштитиме себе и останатите е да ги следиме во целост препораките на Светската Здравствена Организација;
Строго да се одржува хигиената;
Да го ограничиме движењето освен кога се работи за неопходна потреба;
Од секој од нас зависи!!!