Доктор од Прилеп со хуман предлог до министерот Филипче: “Јас лично ќе ја донирам мојата плата”

Докторот Јово Бурнески од Прилеп, преку својот Фејсбук профил го замоли Министерот за здравство, Венко Филипче да формира солидарен фонд, каде како што вели тој лично прв ќе ја донира својата докторска плата:

“Ве замолувам господине Венко Филипче и министерството за здравство веќе долго време да формирате солидарен фонд.

Јас како Доктор прв ќе ја донирам мојата докторска плата за да им се помогне на сите социјално загрозени категории и на сите граѓани со помали примања кои немаат можност да го платат прегледот на доктор и кои немаат здравствено осигурување, како и сите пациенти кои треба да се лекуваат во странство да бидат покриени.

Доста се нагледав како сиромашните и оние кои немаат пари ни умираат по клиники затоа што немаат пари да платат преглед на доктор. Каде ни се изгуби хуманоста и човечноста кај сите нас”, напиша Бурнески на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.