Д-р Јово Бурне преку статус на својот Фејсбук профил апелира:
“Погрешно е носењето на нараквици на раце постојано. Со едните исти нараквици што ги носите допирате се, фаќате пари, одите во пошта, во банка, на пазар, допирате прашина и нечистотија, и потоа со истите тие нараквици на кои има залепено нечистотија и потенцијални бактерии ќе појдите на доктор, ќе фатите документи, ќе го фатите вренгот од вратата, ќе доприте храна, ќе се фатите за лице, за очи и така несвесно ќе станите потенцијален ширач на нечистотија, зараза и бактерии и на себе и на други луѓе. Нараквиците се носат за еднократна употреба и одма се фрлаат, а не се носат непотребно по цел ден насекаде и се фаќа со нив се. Затоа е подобро да не се носат нараквици и редовно да се мијат рацете. Носење на заштитна маска ДА, носење нараквици НЕ”, пишува Д-р Јово Бурне.